Достапни линкови

Пуџдемон – Не барам азил во Белгија, патот до независност ќе биде долг


Разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон

Разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон денеска рече дека ги прифаќа предвремените парламентарни избори кои ги распиша шпанската влада во Каталонија и дека не бара азил во Белгија. Зборувајќи на денешната прес-конференција во Брисел, тој рече дека не се обидува да избега од правдата откако шпанскиот јавен обвинител препорача да бидат поднесени обвиненија за побуна.

Пуџдемон не појасни колку долго ќе остане во Белгија, додавајќи дека ќе се врати во Каталонија кога ќе добие „гаранции“ од шпанската влада.

Владата на премиерот Маријано Рахој, која ја укина автономијата на Каталонија по гласањето за независност, соопшти дека Пуџемон е добредојден да се кандидира на изборите.

Тој рече дека патот до независност на Каталонија ќе биде долг.

Белгискиот премиер изјави дека Пуџдемон не е во Брисел на покана на неговата влада, но оти ќе биде третиран како секој европски граѓанин. Тој по повтори повикот за дијалог за решавање на шпанската криза во согласност со националните и меѓународни норми.

Во меѓувреме, шпанскиот уставен суд денеска соопшти дека ја суспендирал одлуката на каталонскиот парламент за прогласување независност од Шпанија додека да ја проучи нејзината легалност. Жалбата до уставниот суд ја поднесоа каталонските пратеници кои се противат на гласањето за независност.

XS
SM
MD
LG