Достапни линкови

Амано: Иран го почитува нуклеарниот договор


Јукио Амано

Иран ги спроведува своите обврски во рамките на меѓународниот нуклеарен договор, изјави денеска во Техеран, директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукио Амано.

„Можам да потврдам дека до денеска Иран ги спроведува своите обврски во согласност со договорот,“ изјави Амано.

Иран и шестте светски сили САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија постигнаа историски договор во 2015 година со кој се ограничува иранската нуклеарна програма во замена за прекинување на меѓународните санкции кон таа земја. Американскиот претседател Доналд Трамп кој во неколку наврати го обвини Техеран за непочитување на договорот, неодамна се закани дека САД ќе се повлече од договорот оставајќи му можност на Конгресот да донесе одлука за воведување дополнителни санкции кон Иран со кои би се спречила таа земја да напредува во програмата со балистички ракети. Амано денеска одржа средби со иранскиот претседател Хасан Рохани, шефот на дипломатијата Џавад Зариф и началникот на Иранската организација за атомска енергија Али Акбар Салехи.

XS
SM
MD
LG