Достапни линкови

Први обвиненија за руското мешање во американските претседателски избори


Американскиот специјален советник Роберт Мулер за првпат поднесе обвиненија против неидентификувана цел на неговата истрага за руското мешање на минатогодишните претседателски избори во САД, објавија американските медиуми. Си-Ен-Ен и Ројтерс, цитирајќи анонимни извори известуваат дека федералното големо жири во Вашингтон го одобри првото обвинение во истрагата на Милер, кое започна во мај под мандат на Одделот за правда за одржување независност во решавањето на можните прекршувања на законот од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Според Си-Ен-Ен природата на обвиненијата е "нејасна". Си-Ен-Ен известува дека истрагата на специјалниот совет се фокусира на потенцијалното договарање помеѓу кампањата на Трамп и Русија, како и можната опструкција на правдата од страна на Трамп, кој во мај го отпушти директорот на ФБИ, Џејмс Комеј, кој ја водеше истрагата за Русија пред да биде назначен Милер. Си-Ен-Ен објави дека иследниците, исто така, ги испитуваат финансиските врски на Турм и неговите соработници со Русија и го испитуваат лобирањето во име на странски влади од поранешниот претседател на кампањата на Трамп, Пол Манафорт и неговиот поранешен советник за национална безбедност, Мајкл Флин. Милер претходно издаде судски покани за документи и сведочења од луѓе блиски до Манафорт, како и други луѓе кои биле вклучени на состанокот во Њујорк во 2016 година меѓу синот на Трамп Доналд Џуниор, Манафорт и Руси кои понудиле информации што можат да му наштетат на Демократскиот противник на Трамп, Хилари Клинтон.

XS
SM
MD
LG