Достапни линкови

Поради долгови на МРТВ под ризик учеството на Евровизија


Медиуми, камери, новинари.

МРТ, македонскиот национален радиодифузер, се соочува со сериозни санкции, вклучително и губење на правото за емитување и учество на натпреварот за песна на Евровизија во 2018 година, поради зголемените долгови, дознава ПИНА.

Според оваа Платформа за истражувачко новинарство, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) соопшти дека го прекина пристапот до МРТ поради зголемувањето на долговите.

"За жал, Македонската радио телевизија повеќе нема пристап до нашите услуги додека не го исплати долгот", вели Клер Рајфорд, виш службеник за комуникации на ЕБУ.

Рајдфорд не кажа колку е задолжена МРТ, но медиумите цитираат анонимни извори од програмскиот совет на македонскиот државен радиодифузер, велејќи дека долгот на МРТ може да изнесува дури 22 милиони евра.

Не е првпат една земја да ги загуби правата на Евровизија, фестивалот за музички изведби што традиционално го следи телевизиска публика од околу 200 милиони луѓе.

Минатата година, само неколку недели пред натпреварот, ЕБУ ги повлече членските услуги за романскиот јавен радиодифузер поради неплатениот долг.

XS
SM
MD
LG