Достапни линкови

Првообвинетиот за грабежот во НЛБ банка не кажува каде се парите


На денешното рочиште во скопскиот Кривичен суд за случајот со милионскиот грабежот во НЛБ банка, Трезористот од банката Бобан Смилевски, кој што е првообвинет во случајот во завршните зборови пред судот и се извини на банката за грабежот, но не кажа каде се парите

Адвокатот на првообвинетиот Драган Пешевски, по завршување на рочиштето, рече дека за првпат во судницата слушнал дека Смилевски парите ги украл зашто бил во долгови. Тој не сакаше да коментира за пресудата пред таа да биде изречена. Судија во овој предмет е Дарко Тодоровски, а во советот се и судијата Владимир Туфегџиќ, како и тројца поротници

Јавното обвинителство за огарбувачите на НЛБ денеска бака побара максимална затворска казна од 10 години

За случајот со грабежот во НЛБ обвинетите се Бобан Смилевски, Горан Смилевски, Борис Мичевски и Мирослав Каевски

Четворицата обвинети во случајот искористувајќи ја својата работна позиција и познавањето на процесите на работата во банката, еден ден украле 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра, а во дрг ден уште 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра.

Конечната одлука за казните на обвинетите во овој случајот треба да биде произнесена на 3 ноември.

XS
SM
MD
LG