Достапни линкови

НАТО со критики до Русија поради воената вежба Запад


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Брисел, 26.10.2017.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека членките на Алијансата имале поинакви информации за бројот на војници во текот на вежбата „Запад 2017“ што во септември годинава се одржа во Белорусија и Русија, од бројот што го соопшти Москва. Тој ова го изјави на вчерашниот состанок на Советот НАТО Русија. Началникот на американската војска во Европа Бен Хоџиз оцени дека на вежбите имало околу 40.000 војници. Москва соопшти дека бројот на војниците бил 12.700. Односите меѓу НАТО и Русија се влошија по руската анексија на Крим во 2014 година и поддршката на Москва за бунтовниците во источна Украина.

XS
SM
MD
LG