Достапни линкови

МВР потврди дека полицијата влегла во општината Карпош


Стевчо Јакимовски, се уште актуелниот градоначалник на општина Карпош

Врз основа на допрен глас дека од просториите на општина Карпош се изнесува документација на општината, од полициски службеници од СВР Скопје е излезено на лице место при што е констатирано дека во моментот на проверката не се изнесува никаква документација, се наведува во писмениот одговор на МВР за Радио Слободна Европа.

Претходно медиумите објавија дека полициски екипи денеска влегле во општината Карпош и извршиле претрес по пријава дека се изнесувале кутии со службени документи од кабинетот на се уште актуелниот градоначалник, Стевчо Јакимовски.

Од МВР наведуваат дека по извршениот разговор со градоначалникот Стевчо Јакимовски утврдено е дека тој се подготвувал за изнесување на личните предмети од својот кабинет со цел подготовки за примопредавање на функцијата. Личните предмети се уште се наоѓаат во кабинетот.

Бидејќи не е потврдено сознанието и постоењето на сомнението за стореното кривично дело фалсификување или уништување на деловни книги поради кое СВР постапувало, по обавениот разговор полициските службеници се повлекле од лице место, се вели во одговорот на МВР.

XS
SM
MD
LG