Достапни линкови

Полициски претрес во општината Карпош


Стевчо Јакимовски,поранешниот градоначалник на Карпош

Полициски екипи денеска влегле во општината Карпош и извршиле претрес по пријава дека се изнесувале кутии со службени документи од кабинетот на досегашниот градоначалник, Стевчо Јакимовски.

Се уште актуелниот градоначалник на Карпош Јакимовски, како што јавија некои медиуми, одржал прес конференција, на која изјави дека тој фрлил се што е непотребно од Општината, и дека си собирал лични работи.

Според информациите што ги објавија дел од медиумите по завршување на претресот во кабинетот на Јакимовски е направен записник. Од МВР засега не даваат никакви информации за овој настан.

XS
SM
MD
LG