Достапни линкови

Ајфеловата кула се гаси во знак на почит кон жртвите од Сомалија


Ајфеловата кула во Париз беше осветлена во боите на виножитото на 13 јуни 2016 во знак на почит кон жртвите од нападот врз геј клуб во Орландо

Осветлувањето на Ајфеловата кула во Париз ќе биде исклучено вечерва по полноќ во знак на почит за жртвите од нападот во Могадишу во кој загинаа повеќе од 300 луѓе, информира градоначалникот на Париз, Ан Идалго.

Бројот на загинати во експлозијата на камион-бомба во главниот град на Сомалија, Могадишу, надмина 300, а уште толку се повредени.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот, а властите се сомневаат дека зад него стои екстремистичката организација Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда и често изведува бомбашки напади во земјата.

Ајфеловата кула, која е симбол на Париз, често ги гаси светлата во знак на солидарност со некоја земја.

XS
SM
MD
LG