Достапни линкови

МОСТ - Да се утврди дали институциите соодветно реагирале за изборните неправилности


Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација МОСТ

Според информациите добиени од над 2.500 набљудувачи на МОСТ кои беа распоредени на речиси 50 проценти од избирачките места во Република Македонија утврдено е непочитување на постапката на гласање и реакција од страна на избирачките одбори, изјави на завршната прес-конференција извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов.

Тој посочи дека ова треба да се земе во предвид со цел да се утврди дали во даден случај соодветните институции одговориле за тоа што се случувало во избирачките места или не.

Алексов истакна дека МОСТ утврдил помалку од 50 случаи на неправилности при гласањето и додаде дека генералната оценка за овие шести локални избори Граѓанската асоцијација ќе ја даде утре.

XS
SM
MD
LG