Достапни линкови

Цивил - Слободни избори со голем број помали нерегуларности


Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил

Граѓанската организација Цивил оцени дека денешните локални избори биле слободни со голем број помали нерегуларности и низа проблеми коишто се однесуваат на работата на изборната администрација.

Претседателот на Цивил Џабир Дерала рече дека имало случаи на поткуп на гласачи, агитирање во изборниот молк и инцидент при броење гласови на едно избирачко место во Куманово.

Детални информации за сите неправилности од Цивил најавија дека ќе објават во текот на утрешниот ден.

XS
SM
MD
LG