Достапни линкови

БЛОГ: Македонија избираше градоначалници и советници


Сумирано

СДСМ прогласи победа во над 40 општини на локалните избори. Нивните членови и активисти слават во Скопје и во други градови.

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека изборите поминале со бројни нерегуларности во нефер атмосфера.

ДИК - Демократски и фер избори без инциденти

МВР - Изборите поминаа мирно, без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

МОСТ - Да се утврди дали институциите соодветно реагирале за изборните неправилности

Цивил - Слободни избори со голем број помали нерегуларности

08:39 16.10.2017

Светските агенции за локалните избори во Македонија

Првичните резултати од локалните избори во Македонија покажуваат дека гласачите го поддржуваат политичкиот курс на новата влада на премиерот Зоран Заев, јавуваат дел од светските новински агенции.

08:24 16.10.2017

ДИК ќе ги објави првичните резултати од локалните избори

Државната изборна комисија денеска околу пладне се очекува да ги соопшти првичните резултати од вчерашното гласање за локалните избори. Досега ДИК има обработено 96,64 проценти од гласовите и според податоците објавени на нивната веб страницата, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 50 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во 9 општини, на ДУИ во 12, а кандидатите на девет други партии, коалиции и од група избирачи водат во останатите општини. Конечните резултати ќе бидат објавени кон средината на неделава.

01:45 16.10.2017

СДСМ слави победа на локалните избори

СДСМ заедно со коалиционите партнери победи во повеќе од 40 општини во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ оцени дека процесот бил недемократски, а Груевски вели дека има највисока одговорност за изборните резултати.

00:54 16.10.2017

Заев - Заврши ерата на локалните шерифи

Ерата на локални шерифи заврши, обврската ни е поголема, во Македонија ќе има живот за сите, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, во обраќањето пред Владата, по одржувањето на локалните избори. Тој рече дека СДСМ победила на локалните избори уште во првиот круг во најмалку 38 општини.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG