Достапни линкови

Пресудата за „Дива населба“ одложена за 2-ри ноември


Основен суд Скопје 1

Скопскиот Кривичен суд по барање на Министерството за внатрешни работи го презакажа објавувањето на пресудата за „Дива населба“ за 2-ри ноември, поради ангажираност на полицијата за време на локалните избори. Судското рочиште беше закажано за 17-ти овој месец.

Во соопштението на Основниот суд Скопје 1 се наведува дека добиле барање од Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност, во кое е наведено дека поради зголемен ангажман на МВР поврзан со обезбедување на локалните избори и обезбедување на делегации од странство во Македонија, а при кои обезбедувања се ангажираат голем број полициски службеници, судското рочиште закажано за 17.10.2017 година по предметот на кои треба да се објават пресудите , да се одложат за друг термин по 01.11.2017 година.

. Во случајот „Дива Населба“ 37 луѓе се осомничени за тероризам и за терористичка организација.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската „Дива населба“ вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет луѓе од вооружената група.

XS
SM
MD
LG