Достапни линкови

ЕП: Украина, Молдавија и Грузија да се доближат до ЕУ


Илустрација-Европски Парламент

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент побара посилни санкции кон Русија и утврдување на механизам за доближување на Грузија, Молдавија и Украина кон Европската Унија. Комитетот ги одобри препораките донесени на самитот на Источно партнерство што се одржа во Брисел на 24 ноември.

Грузија, Молдавија и Украина потпишаа договори за поблиски односи со ЕУ. Додека земјите членки на ЕУ се уште преговараат за тоа дали да ги признаат „европските аспирации“ на трите земји, Европскиот парламентарен комитет покажува поголема поддршка.

Во 2014 година, Русија насилно влезе во Крим и го поддржува сепаратизмот во источна Украина, при што во војната беа убиени повеќе од 10.000 луѓе.

Парламентарниот комитет побара поголеми санкции кон Русија нотирајќи дека покрај постоечките мерки военото присуство на Москва во регионот е зголемено во изминатите години.

XS
SM
MD
LG