Достапни линкови

Полицијата идентификува петмина учесници во тепачката во Шуто Оризари


Градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, е повреден во тепачка меѓу две групи. Фото: Алсат-М

Пет лица се идентификувани и повикани на разговор во полицијата за вчерашната тепачка во Шуто Оризари, во која беше повреден градоначалникот Елвис Бајрам, кој на овие избори се бори за нов мандат. Полицијата вели дека во постапка е прибирањето докази за понатамошно постапување.

Од Министерството за внатрешни работи најостро ги осудуваат сите облици на насилство, а особено во текот на изборната кампања.

„Секаков обид за нарушување на демократскиот изборен процес и загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде соодветно санкциониран“, посочуваат во соопштението.

XS
SM
MD
LG