Достапни линкови

Навални пред суд во Москва


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска треба да се појави на суд под обвинување дека повторно организирал илегални демонстрации. Навални беше уапсен во Москва на 29 септември со што тој бил спречен да учествува на митингот во Нижни Новогород. По десет часовен притвор тој бил ослободен. Навални кој најави дека ќе учествува на претседателските избори во март 2018 година изјави дека ќе продолжи да одржува собири и покрај ваквите пречки од властите.

XS
SM
MD
LG