Достапни линкови

Путин оствари средба со Ердоган за Сирија и Ирак


Рускиот претседател Владимир Путин со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оствари средба со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во Анкара, при што во фокусот на разговорите беа Сирија и Ирак. До еднодневната работна посета на Путин доаѓа три дена по нивниот телефонски разговор за контроверзниот референдум за независност на курдскиот автономен регион во Ирак.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека двајцата претседатели „ќе ги синхронизираат часовниците“ за трговијата, инвестициите, културата, воено-техничката соработка и во други области. Кабинетот на Ердоган, пак, вчера соопшти дека се очекува двајцата претседатели да разговараат за билатералните односи, како и за регионални и меѓународни прашања, како што се Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG