Достапни линкови

Полицаец прегазен во Москва од мерцедес со владини таблички


Илустрација-полициски службеници во Москва

Мерцедес со владини регистарски таблички синоќа згазил полицаец на улица во Москва. Снимката објавена на интернет покажува дека мерцедесот се движи со голема брзина по улицата Нови Арбат во центарот на Москва, резервирана само за автомобили со посебна дозвола, по што го удира 32-годишниот полицаец Сергеј Грачјов. Се уште е непознато кој го возел Мерцедесот. Руските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, објавија дека бројот на регистрацијата укажува дека возилото е на Федералната служба за безбедност, но нема официјална потврда на тоа. Медиумите наведуваат дека полицијата која вршела увид ги извадила табличките и ротационото светло од внатрешноста на Мерцедесот и не им дозволила приближување на новинарските екипи.

XS
SM
MD
LG