Достапни линкови

Значително влошување на човековите права на Крим


Архивска фотографија: Руски војници на аеродромот во Симферопол во 2014 година

Состојбата со човековите права на Крим „значително се влошила под руска окупација“, се наведува во извештајот за човекови права на ОН објавен денеска.

Во извештајот се посочува дека окупацијата на Кримскиот Полуостров од страна на Русија била одбележана со исчезнување, тортура, прекршување на Женевската конвенција и кршење на меѓународното право.

„Документирани се сериозни прекршувања на човековите права, како што се произволни апсења и притворања, присилни исчезнувања, малтретирање и тортура, а документирано е и најмалку едно вонсудско погубување“, се наведува во извештајот на Канцеларијата за човекови права на ОН (ОХЦХР).

Проблем е и наметнувањето руско државјанство за жителите на Крим. На жителите на Крим кои одбиле да земат руско државјанство им се ускратени многу права – не можат да поседуваат земјоделско земјиште, не може да гласаат или да се кандидираат на избори, да регистрираат верска заедница, да пријават јавен собир, да работат во администрацијата и да регистрираат автомобил на Крим, се наведува во извештајот.

Се додава дека стотици затвореници и притвореници „биле префрлени во Руската Федерација“ што е „строго забрането со меѓународното хуманитарно право“.

XS
SM
MD
LG