Достапни линкови

Трамп со нова закана за Северна Кореја


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ри Јонг Хо и лидерот на земјата Ким Џонг Ун „нема уште за долго време да бидат наоколу“.

„Само што го слушнав говорот на министерот за надворешни работи на Северна Кореја во ОН. Ако тој продолжи да ги повторува мислите на Малиот човек-ракета, тие нема да бидат тука уште долго“, напиша Трамп на Твитер.

Во услови на зголемени тензии за неодамнешните нуклеарни тестови на Северна Кореја, Ри пред Генералното Собрание на ОН во Њујорк изјави дека Трамп е на самоубиствена мисија и дека неговото предупредување за целосно уништување на неговата земја доколку е потребно, направило за Пјонгјанг да е неизбежно нивните ракети да ја посетат целата територија на САД.

XS
SM
MD
LG