Достапни линкови

Законот за јазиците и денеска пред пратениците


Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети

Собранието денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците.

Пратениците синоќа до доцна расправаа по овој закон и имаа поделени мислења за него. Опозицијата обвини дека законот е неуставен и со него се кршат процедурите, а се дискриминираат и помалите етнички заедници. За парламентарното мнозинство, пак, законот не го нарушува унитарниот карактер на државата и ќе допринесе за зголемување на соживотот во државата.

Пред продолжението на 15 седница, Собранието ќе ја одржи 16 седница на која ќе расправа по измените на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци - Штип со кој со анекс на договорот се предвидува продолжување на рокот за изградба на овој патен правец.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во понеделникот изјави дека со Анексот на договорот што го усвои Владата се предлага рокот за изградба на автопатот Миладиновци - Штип да се продолжи до крајот септември следната година. Дополнителен рок го побарал изведувачот, бидејќи не успеал да ја заврши изградбата до 1 мај годинава.

XS
SM
MD
LG