Достапни линкови

Израел и натаму е против нуклеарниот договор со Иран


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјaху го повтори противењето на нуклеарниот договор со Иран постигнат во 2015 година. „Ова е лош договор, или ќе треба да биде поправен или ќе треба да биде откажан“, изјави тој за време на неговата посета на Аргентина. Нетанјаху го обвини Техеран дека „оперира како терористичка машина која го опфаќа целиот свет со териристички ќелии во многу континенти, вклучувајќи ја и Латинска Америка“. Нетанјаху е првиот премиер на Израел кој ја посетува Латинска Америка.

XS
SM
MD
LG