Достапни линкови

Расте бројот на загинати во земјотресот во Мексико


Мексико - Припадници на мексиканската армија ги проверуваат штетите од земјотресот.

Мексиканките власти соопштуваат дека најмалку 32 луѓе се загинати во силниот земјотрес кој на 7 септември го погоди пацифичкиот брег на земјата, оштетувајќи згради и предизвикувајќи мало цунами.

Геолошкото истражување на САД соопшти дека земјотресот бил со магнитуда од 8.1 степени и го погодил Тихиот Океан, околу 120 километри југозападно од градот Трес Пикос во јужната мексиканска држава Чиапас. Мексиканското министерство за внатрешни работи изјави дека земјотресот бил со магнитуда од 8.4 степени. Мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието изјави дека ова е најсилниот земјотрес што ја погодил земјата во речиси еден век.

Гувернерот на Оаксака Алехандро Мурат изјави дека најмалку 23 луѓе се загинати во неговата крајбрежна држава. Според официјалните претставници на цивилната одбрана, најмалку седум лица се загинати во Чиапас и уште двајца други во државата Табаско.

XS
SM
MD
LG