Достапни линкови

Финансиски санкции за висок претставник на ИД во САД


Соединетите Држави и Ирак санкционираа висок претставник на Исламската држава, соопшти Министерството за финансии на Соединетите Држави. Според државниот секретар на САД, Салим Мустафа Мухамед ал-Мансур, финансиски функционер за исламската милитантна група, е "глобален терорист" и со одлуката се замрзнува секој имот што тој може да го има во САД и им забранува на Американците да соработуваат со него. Во 2014 година, Мансур помогнал да се пренесат стотици илјади ирачки динари во Исламска Држава во Мосул, а потоа помогнал да се префрлат пари за групата и продавајќи нафта што ја извадил од Ирак и Сирија, соопшти Министерството за финансии. Ирачката влада, исто така, го исклучи Мансур од својот финансиски систем и ги замрзна сите средства под нејзина јурисдикција. Исламската држава, исто така позната како ИСИС, заплени големи делови од Ирак во 2014 година, во обид да воспостави исламски "калифат", но оттогаш ја загуби територијата во кампањата поддржана од САД против групата.

"Министерството за финансии продолжува да работи во тесна соработка со Владата на Ирак за да ги уништи финансиските мрежи на ИД и внатре и надвор од територијата контролирана од оваа организација, изјави Џон Е. Смит, директор на Канцеларијата за контрола на странски средства на Трезорот, кој ги спроведува санкциите.

XS
SM
MD
LG