Достапни линкови

Запрена потрагата по осум руски рудари


Русија - Спасувачките тимови во рудникот за дијаманти во Сибир.

Рускиот дијамантски гигант „Алроса“ соопшти дека спасувачите ја запреле потрагата по осум исчезнати работници во поплавениот рудник за дијаманти во источениот дел на Сибир. Државната компанија „Алроса“ денеска наведе дека нема надеж за пронаоѓање на преживеани и оти условите за спасувачките екипи исто така станале опасни.

Компанијата ги бара работниците откако на 4 август се урна пештера и го поплави рудникот за дијаманти во регионот Саха-Јакутија. Работниците биле на длабочина од 210 метри кога започнало поплавувањето. Останатите 151 работник во рудникот беа спасени.

XS
SM
MD
LG