Достапни линкови

Од понеделник сослушување на патниците и возачот од превртениот автобус


Автобус со патници се преврте на автопатот Скопје - Велес.

Од Основното јавно обвинителство во Велес соопштија дека од понеделник ќе го сослушаат возачот и патниците на автобусот кој се преврте на автопатот Велес – Скопје пред три дена. Во автобуската несреќа загина една жена, а 27 патници беа повредени.

Славица Темелковски, основен јавен обвинител при ОЈО Велес изјави дека чекаат возачот и патниците да се соземат од немилиот настан и најверојатно од понеделник сите ќе ги сослушаат, по што ќе се изврши вештачење и анализи во врска со настанот. Според неа, потоа ќе можат да лоцираат кај кого е кривичната одговорност.

XS
SM
MD
LG