Достапни линкови

Иран ги зголеми трошоците зa ракетната програма


Иранскиот парламент

Иранскиот парламент даде првично одобрување на нацрт-законот за зголемување на трошоците за ракетната програма на земјата и Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) како одговор на неодамнешните санкции наметнати од САД. Пратениците денеска со големо мнозинство ги одобрија контурите на законот за "спречување на американските терористички и авантуристички акции", додека некои извикуваа "Смрт за Америка", објави телевизијата контролирана од државата.
"Американците треба да знаат дека ова е нашата прва акција", се цитира изјавата на парламентарниот спикер Али Лариџани од државните медиуми.

Мерката доаѓа како одговор на новите американски санкции за Иран поради нејзината ракетна програма и ракетни тестови. Иран тврди дека тестовите не го нарушуваат нуклеарниот договор од 2015 година со светските сили, бидејќи се за одбранбени цели. Со оваа мерка ќе се одвојат околу 260 милиони долари за иранската програма за балистички проектили и силите Кудс - надворешната гранка на Исламската револуционерна гарда. Предлог-законот мора да помине на второ гласање пред конечно одобрување и усвојување на законот.

XS
SM
MD
LG