Достапни линкови

Реакции по именувањето на Дарко Лешовски за претседател на СВП


Културна манифестација- Струшки вечери на поезијата, Струга.

По именувањето на поетот Дарко Лешоски за Претседател на УО на Струшките вечери на поезијата“, на социјалните мрежи се појавија бројни реакции во кои се посочува за неговото скромно искуство од областа на поезијата, но и неговите ставови кон фестивалот кои јавноста ги дозна од неговите претходно текстови на социјалните мрежи

„Дарко Лешоски ми е драг и го ценам. Ама мислам дека за таква сериозна, голема и толку интернационална афирмирана институција како Струшки вечери на поезија битната функција на претседател на управен одбор треба да ја врши некој со многу подлабоко и поголемо меѓународно искуство, пишува писателката Румена Бужаровска на нејзиниот Фејсбук статус.

Со критика излезе и поетот и книжевник Иван Антоновски кој на својот фејсбук профил објави фрагменти од ставовите на Лешовски.

Инаку, Дарко Лешоски на позицијата претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата (СВП) доаѓа на местото на поетот Славе Ѓорго Димоски, кој на оваа функција беше од 2008.

Лешовски е автор на збирките поезија „Дете од лоша фамилија“, и „…И тогаш Јаков му дари на Јосиф шарена облека“.

Лешоски е активен на социјалните мрежи и беше еден од учесниците на протестите на Шарената револуција

Годинашното 51. Издание на СВП ќе се одржи на крајот на месецов.

XS
SM
MD
LG