Достапни линкови

Хрватска го повлекува правилникот за увоз на овошје и зеленчук


Овошје и зеленчук на пазар во Македонија.

Хрватскиот министер за земјоделство Томислав Толушиќ денеска донесе одлука за повлекување на Правилникот за фитосанитарна контрола на овошје и зеленчук, увезени од држави што не се членки на ЕУ. Со правилникот се предвидуваше цените за инсепкцискиот надзор да бидат зголемени за над 22 пати.

Одлуката на Толушиќ доаѓа по критиките на земјите од западен Балкан. Министрите за земјоделство на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора на средба во понеделникот во Сараево побараа Загреб под итно да го повлече правилникот.

XS
SM
MD
LG