Достапни линкови

Собранието четврти ден расправата за ребалансот на буџетот


Собраниска седница.

Пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и на денешната собраниска седница за ребалансот на буџетот продолжија со иста реторика како и претходните три дена.

Кратења во државната каса мора да има, истакнаа од владејачкото мнозинство, зашто, како што рекоа, претходната власт проектираше нереални суми со кои го оневозможи реализирањето на платите, пензиите, социјалните трансфери, здравствените услуги, субвенциите...

Според опозицијата, пак, ребалансот е неразвоен, а со кратењата на наводните непродуктивни трошоци, новата Влада само сака да ги протурка популистичките мерки - минимална плата од 12 илјади денари и укинување на радиодифузната такса, како и да обезбеди пари за партиски вработувања.

XS
SM
MD
LG