Достапни линкови

Марковиќ: Се надеваме Македонија да биде следна членка на НАТО


"Успехот на новата Влада на Република Македонија за напредок на Македонија е мотивација за регионот. Капацитетите на Владата да ги сработи потребните реформи се видливи. Се надеваме дека и Република Македонија ќе стане членка на НАТО," истакнал црногорскиот премиер Душко Марковиќ на билатералната средба со премиерот Зоран Заев пред почетокот на Самитот во Подгорица.

Како што информира владината прес-служба, црногорскиот премиер истакнал дека Црна Гора споделила значајно искуство и дека има голема промена во интересот на странските инвеститори за вложувања во Црна Гора откако државата станала членка на НАТО. На билатералната средба премиерите Заев и Марковиќ констатирале дека Македонија и Црна Гора се пријателски земји кои немаат отворени прашања и поради тоа имаат одлична основа за вистинско унапредување на односите. Се разговарало и посебно за развој на економската соработка и поврзување на бизнисмените од двете држави.

XS
SM
MD
LG