Достапни линкови

Избори за членови на Уставотворното собрание во Венецуела


Во Венецуеле денеска ќе се одржат избори за членови на Уставотворното собрание, кои пак опозицијата ги смета како политичка алатка со која претседателот Николас Мадуро сака да ја зацврсти својата власт. Во неколку наврати Мадуро изјави дека нема да се откаже од измена на политичкиот сиситем и покрај протестите и предупредувањата од Соединетите Држави дека ќе воведат економски санкции.

Опозицијата која најави бојкот смета дека социјалистичкиот претседател има намера да го измени Уставот и да го заобиколи избраниот парламент во кој опозицијата го има мнозинството и на тој начин да ги избегне претседателските избори. Во Венецуела од први април скоро секојдневно се организираат протести во кои досега настрадаа повеќе од 110 лица.

XS
SM
MD
LG