Достапни линкови

Џафери - финиширање на обврските на Собранието до 8 Август


Претседателот на Собранието Талат Џафери
Претседателот на Собранието Талат Џафери

Пратениците ќе заминат на одмор на 8 август, откако ќе го донесат ребалансот на буџетот. Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека за Илинден ќе се обрати во Крушево.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја продолжува традицијата на чествување на Илинден, кој се одбележува на три локации, а на 2 август тој ќе се обрати во Крушево на Мечкин Камен. Тој ова го потврди денеска додека даваше отчет за работата на Парламентот од 27 април досега. И досега претседателот на државата, претседателот на владата и претседателот на Собранието ротираа на три различни места за одбележување на празникот - на Пелинце, Скопје и во Крушево. Џафери не прецизира на кој јазик ќе со обрати на Мечкин Камен, а во денешното реферирање за работата на парламентот кое го започна на албански јазик, рече дека тоа не е провокација, туку негово уставно право.

„Според плановите на координативното тело, со одлука на Собранието е формиран организационен одбор за одбележување на 2 Август Илинден и според системот на ротација на присуство на високи државни функционери во оваа година редот е на претседателот на Собранието да биде присутен во Крушево. Во тој контекст сакам да известам дека Талат Џафери, според редот на нештата, ќе биде и ќе се обрати по повод одбележувањето на Илинден. Уставното мое право како пратеник да можам да ги користам двата службени јазици не може да се смета како провокација и го искажав на двата јазика моето обраќање. Несоодветно е да се третира како провокација. Во секој случај ќе имаат прилика да бидете на Мечкин Каман да известите за јавноста“, рече тој.

Џафери денеска соопшти дека пратениците ќе бидат на одмор од 8 до 25 август и објасни дека тоа е причината што до отчетот доаѓа неколку денови порано од 100 денови од неговиот избор. Џафери очекува да ги распише локалните избори на 6 август, а тие би се одржале на 15 октомври оваа година.

Според него, колективниот одмор и локалните избори не значат дека пратениците нема да работат. Како што изјави Џафери, на 31 јули или на 1 август треба да биде закажана седницата за ребаланс на Буџетот, која според Деловникот треба да трае 5 работни дена, по што пратениците ќе се распуштат.

Тој очекува претходно, односно утре, на дневен ред на Собранието да се најадат недовршените собраниски седници меѓу кои се и седницата за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски.

Претседателот на Собранието изрази поддршка на планот на Владата 3-6-9 и најави дека ќе формира две работни групи за спроведување на потребните реформи, како и за разгледување на забелешките за работата на Собранието од извештајот на ГРЕКО.

Тој најави дека од септември ќе се активира Е-прозорец што на граѓаните ќе им овозможи да се пријават за присуство на пленарни седници.

Тие што ќе се пријават ќе може да присуствуваат на првата наредна седница на Собранието по одморот на пратениците.

Според него, од 27 април досега драстично се попозитивни условите во Парламентот, а коментирајќи ја неговата употреба на цртеж да ги замолкне пратениците, тој рече дека тоа не значи дека Собранието е несериозно.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG