Достапни линкови

Кушнер и Манафорт на сослушување за руското мешање во изборите во САД


Зетот на Трамп и советник во Белата куќа, Џаред Кушнер и оранешниот шеф на изборниот штаб на Трамп, Пол Манафорт.

Двајцата клучни членови за време на претседателската кампања на Доналд Трамп, денеска се состанаа со истражителите на Конгресот, кои истражуваат за руското мешање за време на изборите во 2016 и за можните договори со соработниците на Трамп.

Зетот на Трамп и советник во Белата куќа, Џаред Кушнер, втор ден по ред разговара со истражителите, а денеска тој имаше состанок зад затворени врати со членови на Комитетот за разунавање.

Во меѓувреме и поранешниот шеф на изборниот штаб на Трамп, Пол Манафорт, се состана со членовите на Комитетот за разузнавање на Сенатот. Портпаролот на Манафорт, Џејсон Малони, рече дека тој целосно одговорил на прашањата на истражителите.

XS
SM
MD
LG