Достапни линкови

Синот на талибанскиот лидер изврши самоубиствен бомбашки напад


Талибанскиот лидер Мула Хаибатула Ахунџада

Синот на талибанскиот лидер Мула Хаибатула Ахунџада загина на 20 јули извршувајќи самоубиствен напад во провинцијата Хелманд во јужен Авганистан, потврди денеска портпаролот на талибанците. Абдур Рахман, познат и како Хафиз Халид, 23-годишниот син на талибанскиот лидер, утрината на 20 јули, со возило полно со експлозив влета во голема база на авганистанските безбедносни сили во областа Герешк, изјави портпаролот Забиула Муџахид за германската новинска агенција ДПА.

Мула Хаибатула стана лидер на талибанците откако неговиот претходник Мула Ахтар Мохамад Мансур загина во американски напад со беспилотно летало во Пакистан во мај 2016 година.

Талибанците контролираат околу 80 проценти од провинцијата Хелманд, каде што има илјадници хектари под афион. Со тоа талибанците заработуваат стотици милиони долари од продажба на опиум и хероин.

XS
SM
MD
LG