Достапни линкови

Турција го отфрли Чарлс Дарвин од училишната програма


Истанбул, билборд за годишнината од неуспешниот државен удар во Турција

Турција вчера ја објави новата училишна програма, во која тероријата за еволуција на Чарлс Дарвин нема да се споменува се до универзитетското ниво на учениците. „Теоријата за еволуција е над нивото на учениците и не е директно поврзана со училишната програма, па затоа не е ниту дел од неа“, изјави на прес-конференција турскиот министер за образование, Исмет Јилмаз. Меѓутоа, претседателот на синдикатот на вработените во образованието смета дека таа измена претставува огромен чекор кон погрешен правец и обид да се избегне создавање на „генерации кои поставуваат прашања“. Новата училишна програма, исто така, ги обврзува верските училишта да го опишуваат џихадот како „патриотски по дух“, наместо да го преведуваат како „света војна“ против непријателите на исламот.

XS
SM
MD
LG