Достапни линкови

Немири во кампот за мигранти на Лезбос


Во Центарот за прифаќање и идентификација на бегалци и мигранти на грчкиот остров Лезбос избиле немири, што се побрзо излегуваат од контрола, а истовремено имало и пожар кој пожарникарите се спречени да го изгаснат, пренесе грчката агенција АНА МПА.

Како што се соопштува,инцидентите почнале кога група мигранти се упатиле кон центарот наменет за оние кои заминуваат од кампот на протест против условите за живеење на оние кои престојуваат во кампот, а кои треба да бидат вратени во Турција. Полицијата интервенирала во заштита на центарот, што се наоѓа во рамки на кампот, но полицајците биле гаѓани со камења. Полицијата одговорила со употреба на солзавец, што довело до ширење на насилството.


XS
SM
MD
LG