Достапни линкови

Амнести Интернешнел бара истрага за наводни егзекуции во Чеченија


Лого на Амнести Интернешнел

Амнести Интернешнел ги повика руските власти да ги истражат наводите на медиумите дека 27 лица биле егзекутирани од безбедносните сили во Чеченија во јануари, годинава. Според организацијата, на безбедносните сили не смее да им се дозволи да поминат неказнето за тортура и убиство само затоа што извршуваат државна функција.

Медиуми јавија дека анонимни извори им дале список со имиња на наводно егзекутираните лица. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека властите ги виделе наводите и ги земаат во предвид.

XS
SM
MD
LG