Достапни линкови

Севернокорејските медиуми со предупредување до САД


Архивска фотографија-тестирање на балистичка ракета во Северна Кореја

Севернокорејските државни медиуми објавија предупредување против САД поради, како што тврдат,„несовесни воени провокации“ во период на тензии околу нуклеарната програма на Пјонгјанг. Еден од државните весници објави коментар во кој се тврди дека „ САД го зголемува ризикот од нуклеарна војна на полуостровот“. Ваквите коментари доаѓаат на само еден ден по спроведувањето на воената вежба меѓу САД и Јужна Кореја, со која се симулираа напади врз „непријателски позиции “.

Севернокорејските медиуми ја нарекоа вежбата силна воена провокација. Неколку дена претходно Северна Кореја тестираше балистички ракети чиј дострел, според дел, од воените американски аналитичари може да достигне до американската држава Алјаска. Пјонгјанг тврди дека балистичките ракети имаат капацитет да носат и боева глава.

XS
SM
MD
LG