Достапни линкови

Уапсен директорот на Амнести интернешнел во Турција


Логото на Амнести интернешнел.

Амнести интернешнел соопшти дека турската полиција го уапсила директорот на организацијата во земјата Идил Есер заедно со други активисти за човекови права. Есер бил уапсен за време на работилница за дигитална безбедност и информирање која се одржувала во близина на Истанбул.

Турски медиуми јавија дека 12 лица биле упасени за време на полициска рација во еден хотел. Се уште нема коментар од турската полиција или некаква индикација за што се обвинети активистите.

XS
SM
MD
LG