Достапни линкови

Немирното охридско тло може да ги уплаши туристите


Локација на земјотресот во регионот на Охрид.
Локација на земјотресот во регионот на Охрид.

Стотици граѓани ноќите ги поминуваат под отворено небо, стравувајќи дека следниот земјотрес ќе биде посилен од претходниот. Немирното тло ги уплаши и туристите, па граѓаните велат дека очекуваат земјотресите негативно да влијаат врз туристичката сезона во Охрид.

Неспиени и немирни ноќи им станаа секојдневие на охриѓани. Серија земјотреси од мал и средeн интензитет се регистрирани во последниве три дена. Само во изминативе неколку недели над илјада потреси ги вознемирија граѓаните. Стотици граѓани ноќите ги поминуваат под отворено небо, стравувајќи дека следниот земјотрес ќе биде посилен од претходниот.

Само во извидничкиот камп во Охрид ноќта ја поминале над 120 луѓе од кои мнозинство мајки со деца. Вратите од воениот камп ги отвори и министерството за одбрана кое ги понуди своите капацитети за сместување на граѓаните кои се вознемирени од серијата земјотреси.

И покрај апелите на надлежните институции, како и смирувачките пораки, меѓу населението сè уште силно се чувствува страв и вознемиреност. Граѓаните на Скопје велат дека го оправдуваат стравот од силни земјотреси, затоа што се чувствуваат беспомошни во тие неколку секунди.

Страхувате ли од земјотресите во Охридско?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:23 0:00

„Па искрено да ви кажам, не се плашам, не сум плашлив тип.“

„Не се плашам, го преживеав земјотресот во 63, оттогаш имаше многу помали потреси, како да се навикнавме, ама го разбирам стравот. Градбите по големиот земјотрес се како што треба сеизмички, така што не се плашам.“

„Привремен страв кој брзо поминува.“

„Нема човек што од потрес не стравува, тука сега е мирно, само ги жалам охриѓани што ќе им се расипе сезоната“, велат анкетираните граѓани.

Во ЦУК досега се пријавени речиси 200 објекти кои се оштетени. Најголемиот број од нив се однесуваат на штети предизвикани на ѕидови, оџаци, балкони и помали оштетувања во внатрешноста на куќите. Поради поголеми оштетувања, затворена е детска градинка.

Немирното тло ги уплаши и туристите, па граѓаните велат дека очекуваат земјотресите негативно да влијаат врз туристичката сезона во Охрид.

„Па искрено кажано не планирам никаде да одам за одмор, но секако во Охрид не би одела, но ете сестра ми на пример сакаше во Охрид да оди, но се предомисли токму поради тие потреси“

„Сите за свои пари не сакаат да ризикуваат, мислам дека ќе го избегнат Охрид ќе отидат на друго место.“

„Мислам дека помалку туристи ќе отидат годинава, и странски и домашни мислам дека годинава ќе бидат помалку“, велат анкетираните граѓани.

Паничните реакции се многу ризични во случај на земјотрес, поради што треба да се остане смирен и да не се бега од објектот, советуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) откако во изминативе две недели во охридскиот регион се случија над илјада земјотреси. Од ЦУК потсетуваат и дека за време на скопскиот земјотрес минатата година имаше повредени граѓани што реагирале панично.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG