Достапни линкови

Десетици повредени по серијата земјотреси во Скопје


Падната стока од рафтовите, паника меѓу скопјани
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:30 0:00

Падната стока од рафтовите, паника меѓу скопјани

Десетици лица попладнево побарале помош во скопските болници, откако главниот град Скопје и неговата околина беа погодени од трет земјотрес во времнски период од околу осум часа, најсилниот со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала.

Илјадници граѓани исплашени и вознемирени ги напуштија своите домови по последниот посилен потрес во 15 и 10 часот, со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала и епицентар на 7 километри источно од Скопје.

Стотина лица побарале лекарска помош во скопските болници и амбуланти, а четириесетина побарале помош во градската болница „Наум Охридски“, и уште толку во градската болница „8 Септември“.

Најчесто луѓето се повредиле при бегање од своите домови, а неколкумина се здобиле со скршеници. Во болницата „Наум Охридски“ на лекување се задржани тројца пациенти, меѓу кои и една жена која паднала од тераса од први кат и се здобила со скршеници на нозете. Во болницата „8 Септември“ нема хоспитализирани пациенти со повреди од денешните земјотреси.

Десетина лица попладнево исто така побарале помош и во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но засега нема информации дека има посериозно повредени.

Според Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотерсно инжинерство од Скопје, земјотреси со овој интензитет не можат да предизвикаат уривање на објекти туку само помали оштетувања.

Меѓу штетите предизвикани од земјотресот беа пријавени скршени прозорци, распукани фасади и оштетени автомобили.

Земјотресот предизвика и пречки со комуникацијата во мобилната телефонија, а во некои делови од градот прекинато е снабдувањето со електрична енергија.

Земјотресот е почувствуван и во повеќе места низ државата, како и во Србија и Косово. Новите потреси следат откако утринава во истото епицентрално подрачје беа регистрирани два потреси од страна на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија со јачина од 3,9, односно од 2,8 степени по Рихтер. До вечерва беа регистрирани околу 10 потреси, од кои повеќето послаби.

Град Скопје соопшти дека по првиот земјотрес што го потресе главниот град изутрината во 6:58 часот, веднаш е активиран Градскиот штаб за заштита и спасување.

„Веднаш се мобилизираа екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како и екипите на сите градски јавни претпријатија. Притоа, реализирани се поголем број на интервенции. Градскиот штаб за заштита и спасување во континуитет ја следи состојбата на терен и доколку има потреба соодветно ќе интервенира, се вели во соопштението од Град Скопје.

Градските власти упатуваат и на Упатството за самозаштита на граѓаните од земјотреси.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG