Достапни линкови

Иран со мулти- милијардерски договор со француска фирма


Иранското офшор поле за природен гас -South Pars.

Иранското министерство за нафта соопшти дека француската енергетска фирма Тотал ќе потпише мулти- милијардерски договор за развој на иранското офшор поле за природен гас. Тоа ќе биде највредниот договор кој Иран го потпишал со странска фирма откако беа укинати меѓународните санкции врз земјата како резултат на нуклеарниот договор на Техеран со шесте светски сили.

Според властите, договорот ќе биде потпишан во присуство на претставници на министерството за нафта и менаџери на Тотал, како и останатите учесници во проектот, кинеската Национална нафтена корпорација и иранската фирма Петропарс. Тотал потпиша прелиминарен договор со Иран во ноември добивајќи учество од 50,1 процент од 4,2 милијарди евра вредниот проект.

XS
SM
MD
LG