Достапни линкови

Вооружен напад врз хуманитарен конвој во Сирија


Најмалку едно лице е повреденo во вооружен напад врз хуманитарен конвој кој пренесувал помош во опколениот сириски град, соопштија од локалната организација Црвена полумесечина. Инцидентот се случил во саботата откако конвојот се обидел да пристапи во источниот регион Хараста, надвор од Дамаск, Според локалната организација Црвена полумесечина која е дел од Меѓународниот Црвен крст, во инцидентот бил повреден еден од возачите кој е итно пренесен на операција во болница. Конвојот е заедничка операција на Црвен крст, Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), и на Обединетите нации, чиј висок претставник го осуди нападот.

XS
SM
MD
LG