Достапни линкови

Путин: Новите американски санкции ќе ги искомплицираат односите со Москва


Новите американски санкции врз Русија одобрени од Американскиот Сенат ќе ги искомплицираат односите меѓу двете земји, изјави рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско интервју

"Се разбира дека, тоа ќе ги направи односите Русија-САД покомплексни", изјави Путин во интервју за Руската телевизија и додаде дека покрај тоа што овој потег е штетен, прерано е да се зборува за некаков одговор.

Сепак, тој предупреди дека Русија ќе треба да се прилагоди на новата ситуација или да направи нешто дополнително. Путин изјави дека американските санкции нема да ја доведат Русија во "ќор-сокак или колапс". Рускиот претседател смета дека новите санкции доаѓаат ненадејно и истите се мотивирани од стравот од Русија како "сериозен конкурент."

XS
SM
MD
LG