Достапни линкови

Грција ќе добие финансиска помош од 8,5 милијарди евра


генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард

Министрите за финансии од Еврогрупата во Луксембург постигнаа договор на Грција да и дадат нов заем од 8 ипол милијарди евра. На состанокот учествуваше и генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард која изјави дека ќе му предложи на ММФ заедно со еврозоната да учествува во планот за помош на Грција. На Грција во идниот месец и пристигнува да исплати над седум милијради евра врз основа на стари кредити. За да ги отплати е е неопходна меѓународна помош. Грција е во процес на спроведување реформи како услов за натамошна помош од европските кредитори.

XS
SM
MD
LG