Достапни линкови

Турција поставува трупи во Катар


Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Tурција одлучи да стационира трупи во Катар поради одржување на безбедноста откако сојузници на Доха, прекинаа врски со таа држава.

– Цел на поставувањето трупи е да се одржува безбедноста и стабилноста во Заливот, изјави министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу по состанокот со бахреинскиот колега Шеик Калид бин Ахмед ал-Калиф.

Според западни медиуми, лидерите сакаат да ја прекинат кризата пред крајот на Рамазан, околу 25 јуни.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе ги поддржи Катар и ќе задржи добри односи со другите заливски држави, а засега не ја критикуваше директно Саудиска Арабија. Во понеделникот Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет ги прекинаа сите врски со Катар обвинувајќи ја државата дека поддржува тероризам.

XS
SM
MD
LG