Достапни линкови

Спасовски - мора да се врати угледот на полицијата


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Намерни пропусти и недоследности во работата на МВР, системски недоследности, нефункционалност, покажал извештајот што Работната група во МВР го подготви за насилството во Собранието на 27 април, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот вели дека извештајот е основа за преземање на натамошни реформи на МВР, а МВР денеска го испраќа во Јавното обвинителство, кое натаму треба да постапува по него.

Според Спасовски очигледно оти некој ја злоупотребил својата положба и со тоа овозможил, а можеби и го планирал нападот врз пратениците и новинарите.

„Овој извештај со филигранска прецизност потврдува дека заради партизираноста на одредени структури во Министерството, овој државен орган падна на испитот на извршување на своите утврдени надлежности. Ова Министерство мора целосно да се департизира и декриминализира и да се ослободи од товорат за да може нормално да функционира. На вистинските професионалци во Македонија и на граѓаните им должиме да го исчистиме Министерството од срамот од 27 април и да ја вратиме честа и угледот на институцијата“, рече Спасовски.

Министерот вели дека се суспендирани повеќе од 23 луѓе, 180 припадници на МВР се сослушани, а покренати се и преку 45 дисциплински постапки. Истрагата продолжува и тие бројки се менуваат, вели министерот.

XS
SM
MD
LG