Достапни линкови

Собранието денеска за локалните избори и за екстерното


Собранието на Македонија

Собранието на Македонија на денешната четврта седница ќе расправа за избор на членови на парламентарните комисии, како и за измени и дополнувања на Изборниот законик и на законите за основно и за средно образование и за наставници во основните и средните училишта, сите по скратена постапка. Со измените на Изборниот законик се предлага изборите за членови на совет и за градоначалник наместо да се одржуваат во првата половина на мај ,да се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини, во првата половина во октомври. Измените на законите за основно и средно образование и за наставници во основните и средните училишта, сите по скратена постапка, се поднесени од пратениците од владејачкото мнозинство и со нив се предвидува укинување на екстерното тестирање на учениците.

XS
SM
MD
LG