Достапни линкови

Меркел: Европа веќе не може целосно да биде зависна од САД и Британија


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа не може повеќе „целосно да звиси“ од Соединетите држави и Британија по изборот на Донлад Трамп за претседател и по Брегзитот. Таа на изборниот митинг во Минхен, наведувајќи дека е важно да се задржат пријателските односи со овие две земји, прецизира дека европејците мора да ја земат својата судбина во „сопствени раце“. Во меѓувреме, Трамп кој се врати по престојот во Европа во неделата на Твитер напиша: „Штотуку се вратив од Европа. Патувањето беше голем успех. Напорна работа, но големи резултати“.

XS
SM
MD
LG